„Пиволенд“ од утре до недела на скопското Кале
19.08.2014 13:26
Пет дена можност и за промоција на македонската музика и култура...

Седми пат гурмански викенд со пиво во Скопје. Пет дена можност и за промоција на македонската музика и култура. „Пиволенд“ стартува утре и ќе трае до недела.
Сите љубители на добрата храна и музика нека дојдат утре, заедно да го отвориме гурманскиот викенд со пиво, повика денеска градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, потсетувајќи дека целта на фестивалот не е опивање, туку напротив, уживање со умерено консумирање пиво.
Организаторите укажаа дека тенденцијата на пиво-фестот е промовирање 100 проценти македонска музика што веројатно, посочија, ќе се реализира идната година.
