Појас Газа
Смртно застрелани Палестинци на пат кон место за дистрибуција на помош во Газа
13.07.2025 12:12
Најмалку 31 Палестинец беа смртно застрелани на пат кон место за дистрибуција на помош во Појасот Газа, а во израелските воздушни напади беа убиени најмалку 28 Палестинци, вклучувајќи четири деца...

Најмалку 31 Палестинец беа смртно застрелани на пат кон место за дистрибуција на помош во Појасот Газа, а во израелските воздушни напади беа убиени најмалку 28 Палестинци, вклучувајќи четири деца.
Ова се случи откако немаше напредок во преговорите за прекин на огнот по дводневните состаноци меѓу американскиот претседател Трамп и израелскиот премиер Нетанјаху. Трамп изјави дека се приближува кон договор меѓу Израел и Хамас што, потенцијално, би ја завршил војната.
