Фудбал – Трансфери

Ќе има ли нова трансфер – бомба?

19.08.2014 13:41

На 12 дена до крајот на фудбалскиот преоден рок само две најави за потенцијални звучни трансфери, од типот на Суарез и Ракитиќ во Барселона, Крос и Родригез во Реал, Диего Коста, Дрогба и Фабрегас во Челзи, Санчез во Арсенал, Манџукиќ во Атлетико, Видиќ во Интер, Евра во Јувентус, Кол во Рома, Левандовски во Баерн и Луиз во ПСЖ.

На 12 дена до крајот на фудбалскиот преоден рок само две најави за потенцијални звучни трансфери, од типот на Суарез и Ракитиќ во Барселона, Крос и Родригез во Реал, Диего Коста, Дрогба и Фабрегас во Челзи, Санчез во Арсенал, Манџукиќ во Атлетико, Видиќ во Интер, Евра во Јувентус, Кол во Рома, Левандовски во Баерн и Луиз во ПСЖ.

Ливерпул не се откажува од Фалкао, па дури и да го донесе на едногодишна позајмица, што не му успеа на Реал Мадрид. Менаџерот на „црвените“, Роџерс е упорен дополнително да го засили нападот, без разлика што Колумбиецот има висока плата во Монако. За таа цел, Ливерпул ги обнови контактите со агентот на Фалкао и со раководството на француската екипа.

Откако сериозно се повреди Мартинез, кој ќе ја пропушти сезоната, Баерн Минхен за денеска договори состанок за евентуален трансфер на Годин од Атлетико. Иако во мадридскиот клуб не се заинтересирани за продажба на Уругваецот, „баварците“ сметаат дека сепак нема да модат да останат имуни на нивната богата понуда, особено откако е договорено дефанзивецот на Зенит, Ансалди наредните 12 месеци да настапува за тимот од „Висенте Калдерон“.

Одеднаш престанаа гласините за заминувањат на Ди Марија и на Кедира од Реал Мадрид, особено откако и двајцата играа во пријателскиот дуел со Фиорентина, а пред се по добриот настап на Аргентинецот.

Затоа, пак, играчот со договор со Челзи, Марин сезоната што претстои ќе игра во виолетовиот дрес. Како и претходната, којашто ја мина во Севилја и оваа Германецот ќе ја одработи како позајмен фудбалер. Марин игра на позицијата на Квадрадо, па повторно се отворија шпекулацииите дека има заинтересиран клуб кој е подготвен да ги исполни условите што ги бара Фиорентина за заминување на Колумбиецот.

Ист е принципот на засега привременото заминување на Фелаини од Манчестер Јунајтед во Наполи. Италијанската екипа ќе ја презеде исплата на годишната плата на белгиецот којашто изнесува 4 милиони фунти, со можност Наполи да го откупи договорот.

Затоа, пак, на Олд Трафорд ќе се пресели левиот бек Рохо. Португалските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед и Спортинг се договориле обештетувањето да изнесува 20 милиони фунти, Аргенинецот да потпише четиригодишен договор, а во Лисабон на едногодишна позајмица да дојде Нани.

Арсенал ќе ја зацврстува одбраната. Манолас за 11 милиони евра од Олимпијакос ќе мине на „Емирати“. Ако ги мине лекарските прегледи 23-годишниот грчки репрезентативец ќе заработува по милион и половина евра годишно.

Барселона е подготвена на секој начин, дури и без обештетување, па и на едногодишна позајмица да се ослободи од Сонг, за кој веднаш интерес пројавија Галатасарај, кој е најсериозен, како и премиерлигашите Манчестер Јунајтед, Тотенхем, и Евертон.

Во пресерт на новата, еве ја листата на најголемите „трошаџии“ во претходните пет сезони и тоа во милиони фунти. Прв е ПСЖ кој за засилувања одвои 235, потоа Манчестер Јунајтед 165, Барселона 155, Челзи 137, Реал Мадрид 126 и Манчестер Сити со 107 милиони фунти.