Продолжуваат руските напади во Украина
Во меѓувреме, францускиот претседател објави дополнителни воени трошоци од 6,5 милијарди евра во идните две години поради нови и невидени закани...

Жестоките борби продолжуваат во источна Украина – руските сили тврдат дека освоиле две населби во регионот Донецк. Во меѓувреме, францускиот претседател објави дополнителни воени трошоци од 6,5 милијарди евра во идните две години поради нови и невидени закани. Макрон ги изложи плановите за трошење, повикувајќи на засилени напори за заштита на Европа и поддршка на Украина во нејзината војна против целосната инвазија на Русија.
„Ако нашата слобода има цена, тоа е таа. Ние сме генерацијата што не ја доживеа војната, решена дека нашите деца не знаат ништо друго освен мир. Но, да бидеме јасни. Веќе ги немаме дивидендите од мирот од кои имаа корист нашите родители. Без сомнение, никогаш од 1945 година нашата слобода не била толку загрозена и никогаш до овој степен. Мирот на нашиот континент никогаш не зависел толку многу од нашите сегашни одлуки“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Макрон, исто така побара стратешки дијалог со европските партнери за улогата што францускиот нуклеарен арсенал би можел да ја игра во заштитата на Европа. Претходно, Париз и Лондон се согласија да соработуваат по прашањата за нуклеарна одбрана.
