САД
Руте во дводневна посета на Вашингтон
14.07.2025 09:10
Предвидени средби со претседателот Трамп, секретарот Рубио, министерот за одбрана Хегсет, како и со претставници од Конгресот...

Генералниот секретар на НАТО, Руте во дводневна посета на Вашингтон. Предвидени средби со претседателот Трамп, секретарот Рубио, министерот за одбрана Хегсет, како и со претставници од Конгресот. Посетата следува по објавувањето на плановите на шефот на Белата куќа за продажба на оружје на сојузниците на НАТО, кое потоа може да го предаде на Украина.
Дел од оружјето произведено во САД, кое Украина го бара, е веќе распоредено кај НАТО-сојузниците во Европа. Посетата доаѓа и откако Трамп изминатата недела рече дека ќе даде голема изјава за Русија во понеделник.
