Кривичен суд ќе одлучува по жалбата на ЈО куќниот притвор за напаѓачот на Арсовска да го преиначи во затворски
Кривичниот суд денеска ќе одлучува по жалбата на Јавното обвинителство да му се определи куќен притвор за напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска, со барање да се преиначи во затворски...

Кривичниот суд денеска ќе одлучува по жалбата на Јавното обвинителство да му се определи куќен притвор за напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска, со барање да се преиначи во затворски. Обвинителството смета дека постои опасност осомничениот да го повтори делото или да се даде во бегство. Од судот пак во одлуката образложија дека мерката е куќен притвор поради тоа што се работи за скратена постапка.
За инцидентот во Чаир, осомничено е уште едно лице, на кого му беа одредени мерки за претпазливост. Арсовска е под 24-часовно полициско обезбедување. Инцидентот со Арсовска во Чаир се случи кога таа заедно со вработени од градската администрација била во увид на објект кој нелегално се гради.
Од Град Скопје преку соопштение известија дека и покрај увидот и поднесената пријава, продолжиле градежните активности.
