Протести во Ерусалим за враќање на заложниците
Роднините на заложниците и активисти излегоа на нов протест пред канцеларијата на израелскиот премиер Нетанјаху во Ерусалим...

Израелската војска соопшти дека за 24 часа нападнала повеќе од 150 цели и го обвинува Хамас за цивилните жртви, со став дека милитантната група дејствува во населени области. Роднините на заложниците и активисти излегоа на нов протест пред канцеларијата на израелскиот премиер Нетанјаху во Ерусалим.
„До претседателот Трамп и г. Виткоф, сите ви благодариме што доведовте дома 33-ца наши браќа и сестри, и знаеме дека можете да направите повеќе. Сакаме да знаете дека огромното мнозинство од луѓето во Израел гласно и јасно се изјаснија дека сакаме да постигнеме договор, дури и по цена на завршување на оваа војна, и сакаме да го направиме тоа сега, и се молиме и се надеваме дека ќе помогнете да се направи тоа“, изјави Џон Полин, татко на заложник убиен во Газа.
Израел и Хамас водат преговори со цел да се запре 21-месечната војна и да се ослободат некои заложници. Се појави нова точка на сопнување околу распоредувањето на израелските трупи за време на примирјето, покренувајќи прашања за изводливоста на нов договор.
