САД -трговија

САД воведуваат дополнителни царини

14.07.2025 13:10

Економијата во светот повторно на удар, откако Трамп најави воведување дополнителни царини за повеќе земји. Брисел почна интензивни разговори со Вашингтон за изнаоѓање заемно решение, но не исклучуваат воведување одмазднички царини. Унијата и САД како традиционални партнери, имаат најголема меѓусебна трговска размена, поради што вредните царини од Трамп сè уште еден предизвик за данското претседавање со Унијата.

Изненадувачките долнителни царини од 30 насто наметнати кон Европската унија од администрацијата на американскиот претседател Трамп повторно ја брануваат светската економија. Блокот мора да биде подготвен за каков било исход од преговорите со Трамп, предупреди еврокомесарот за трговија Шафчовиќ. Не исклучи воведување одмазднички тарифи.

„Повторно ќе разговарам со моите колеги, бидејќи не можам да замислам да ја оставам работата без вистински вложен напор. Но, сепак, сегашната неизвесност предизвикана од неоправданите царини не може да трае бесконечно и мора да биде подготвени за сите исходи, вклучително и за добро осмислени, пропорционални контрамерки за враќање на рамнотежата во нашите трансатлантски односи“, изјави Марош Шафчовиќ – комесар за трговија на ЕУ.

Европската унија ги одложи контра-тарифите за американските стоки, во надеж дека до први август, кога треба да стапат во сила, ќе успеат да го убедат Трамп за заемно решени. Сега е време за преговори, истакна претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен.

„Имаме двонасочен пристап, тоа е многу важно. Секогаш бевме многу јасни дека претпочитаме договорно решение. Ќе го искористиме времето до први август, но во втор план исто така од самиот почеток работевме и сега сме подготвени да одговориме со контрамерки доколу е потребно“, изјави Урсула Фон дер Лајен – претседателка на ЕК.

А, Трамп ги промовираше тарифите договори како профитабилни за САД. Се пофали дека за првпат по долг период неговата земја заработува многу пари.

„објавивме некои огромни финансиски бројки, како што веројатно слушнавте дека нашата земја заработила 25 милијарди долари минатиот месец. Тоа не го направила долго време и голем дел од тоа е направено благодарение на доброто управување, но број еден е поради воведените царини“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.

Америка е најголем трговски партнер на Европската унија, па се очекува последиците од воведувањето дополнителни царини да имаат последици врз владите, компаниите, но и потрошувачите од двете страни на Атлантикот. Тарифите од Трамп меѓу другото, во наредните шест месеци ќе бидат еден од главните предизвици и за данското претседавање со Унијата. САД воведува дополнителни царини и за Мексико, Бразил, Канада.

 

Маја Стојанова