Со Белгијците за врвот во групата, можеби и во квалификациите
Последната од трите гостински станици е и најтешката, но не и витална. Македонија и гостува на Белгија, на утрешниот последен меч на туѓ терен, во натпревар што сигурно ќе решава за првата позиција во квалификациската група Д, но не и за наш пласман на следниот Евробаскет.
Со победата кај Белорусија, нашите кошаркари докажаа дека можат и знаат да играат и под притисок, а воедно си обезбедија и речиси сигурен пласман на европското првенство што ќе се игра наредната година. Теорија може да не оддалечи од завршниот турнир, но во реалноста се случува нешто сосема друго.

Добиваме нова генерација што со свои сили ќе се потруди повторно да бидеме на големиот собир и повторно да се обидеме да им ги поматиме сметките на големите, а ако ни се приклучи и некоја од ѕвездите што ги немаме во овој циклус, може да се надеваме и на повеќе.
Македонија атакува на првата позиција во групата, можеби и на најдобар скор во квалификацискиот циклус. Но, за европското првенство ќе размислуваме подоцна, сега се концентрираме на утрешниот меч со Белгијците, што ќе го емитуваме на МТВ 1 од 20 часот и 30 минути.