За шест часа изречени 600 санкции за брзо возење
Од МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта...

Во текот на вчерашниот ден (13.07.2025) во периодот од 15.00 до 21.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 600 возачи. Од нив 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 349 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 251 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
