Државните институции од денеска имаат пристап до привремено и трајно одземени возила
Ефикасноста на институционалниот одговор во Република Северна Македонија на препораките на ЕУ за конфискација и управување со имот стекнат од криминал, темата на која дискутираа надлежните на националната конвенција за 24-тото поглавје „Правосудство и безбедност“ …

На сила измените на Законот за конфискација на имот со кој привремено и конечно одземените возила од Агенцијата за управување со одземен имот ќе им бидат достапни на сите институции, а не само на МВР и АРМ како досега, информира директорката на агенцијата Илиевска. Привремено одземените возила ќе можат да се користат со претходно одобрение на сопственикот или институцијата што го одзела. Над 1.800 возила се одземени, а некои се дел од постапка повеќе од осум години.
Неопходно е вмрежување на институциите преку дигитализација за побрза размена на информации. Потребен е кадар за јакнење на аналитичките капацитети истакна директорот на Управата за финансиска полиција.
На граѓаните им е побитно да се врати криминално стекнатиот имот, отколку затворската казна за сторителите. Досега имаше две стратегии за борба против организираниот криминал, но само на хартија. Новата стратегија се очекува да даде резултат-истакна државниот секретар во МВР Петрушевски.
Измени и прецизирања на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка со цел да се дефинира кога се применува кривична, а кога граѓанска конфискација, особено при правни или фактички пречки за кривично гонење како смрт на сторителот, бегство, застареност е една од препораките на работната група на Националната конвенција за ЕУ во Македонија.
Александра Велинова
