Ко Ун: Поезијата ќе биде спој меѓу Македонија и Јужна Кореја
Поезијата не е само песна на рајот, таа е песна и на земјата и не е случајно што Македонија ја сака и копнее по поезијата. На поезијата не и треба светлина, туку и силна темнина, нашите две земји имаат слична историја, а поезијата ќе биде спој меѓу двете земји, истакна годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, добитникот на Златниот венец, корејскиот поет Ко Ун, на средбата со министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.

„Луѓето сонуваат, а сонот ќе се оствари некој друг ден. Некои соништа имаат повеќе време да се оставарат, а за мене сонот за Македонија само што се реализираше“, нагласи Ко Ун.
Присуството и наградата на поетот Ко Ун ќе биде силен поттик меѓу Азиската, Корејската и Македонската културна соработка, потенцираше министерката Канческа- Милевска.
„Иако првенствено „Златниот венец“ се однесува на неговата творечката дарба, симболично преку неа се наградени и сите поетски вредности на азиската книжевност, на кои припаѓа и една голема литература како што е корејската“, нагласи министерката за култура.
„Оваа година Струшките вечери на поезијата ќе бидат најголемиот настан во чест и во слава на поезијата“, истакна директорот на манифестацијата, Мите Стефоски.
Министерката Канческа- Милевска, на лауреатот Ко Ун му подари теракотна икона.