ЈП Водовод и канализација – Скопје

Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни рестрикции и намален притисок

14.07.2025 20:03

Имајќи го предвид фактот дека водата за пиење е ограничени ресурс апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба, апелираат од П Водовод и канализација – Скопје..

Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдувачкиот систем, поради што можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје, соопшти ЈП Водовод и канализација.

– Имајќи го предвид фактот дека водата за пиење е ограничени ресурс апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба – истакнуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.