Царинска управа

Царината руши финансиски рекорди со историска наплата на давачки

14.07.2025 16:23

Царината руши финансиски рекорди со историска наплата на давачки. Преку тајна војна зад граничните линии, лани наплатени приходи од над 2 милијарди евра, за 105 милиони евра повеќе од претходно …

Царинската управа за една година наплатила приходи во висина од над две милијарди евра, што е за 105 милиони евра повеќе споредено со истиот период претходно.

Сузбиени криминални мрежи, заплена на големо количество дрога, спречен обид за криумчарење половина милион евра злато, над 200 килограми лекови, 400.000 парчиња цигари и пури. Ова се само дел од резултатите што ги реализирала Царинската управа во изминатата година.

Кога институциите се водат од луѓе со интегритет и одговорност, успехот е неминовен, истакна министерката за финансии, под чие Министерство е Царинската управа. Според неа, растот на увозните давачки покажува двоцифрена стапка на пораст во текот на годината.

Откако Доналд Трамп најави царина од 30% на европскиот извоз, премиерот е оптимист дека преговорите со САД за царините се одвиваат во правилна насока. Граѓаните нема да го почувствуваат трговскиот конфликт САД – ЕУ.

Растот на македонскиот БДП се предвидува постепено да забрзува до крајот од година. Во моментов, македонската економија е на четврто место во Европа. Пред нас се само Ирска, Данска и Полска.

 

Борис Грујоски