Презентирани програмата и приоритетите на данското претседателство со Советот на ЕУ
Програмата и приоритетите на данското претседателство со Советот на ЕУ, презентирани пред Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања...

За Данска приоритет број еден е безбедна Европа. Агресијата на Русија над Украина беше повик за будење дека Европската унија треба да се проширува со нови членки, за да има напредок. Долго чекате пред вратата на Унијата – рече данската амбасадорка Перниле Деилер Кардел. Оптимист е дека во следното проширување Македонија ќе стане членка на Унијата.
За нас добра вест е амбицијата на Данска да ја подготви Европската унија за проширување преку внатрешни реформи – посочи министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Од пратениците пораката дека многумина од Европа досега рекле сега е времето за влез во ЕУ и тоа се провлекува. Не може билатералните односи да се пред копенхашките критериуми.
Во шестмесечното претседавање со Европската унија, приоритет на Данска ќе биде зелена Европа, но и конкурентноста.
Миле А. Ристески
