Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот заврши
Заврши комисиската расправа. СДСМ ги повлече сите амандмани и инсистира да се обесштетат семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани. Буџетот се сели на пленарка...

Справување со последиците од трагедијата во кочанската дискотека и повеќе пари за борба со пожарите. Ова се двата клучни амандмани за кои социјалдемократите и коалицијата инсистираат да се опфатат со ребалансот на Буџетот, откако одлучија да ги повлечат сите преостанати. Тие бараат обесштетување на семејствата на загинатите, но и да им се помогне на преживеаните. Освен тоа сметаат дека треба да се вработат повеќе пожарникари, но и да се им се зголемат платите на оние кои летово се справуваат со огнените стихии.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивните опоненти ги повлекле амандманите затоа што немале аргументи за нив гласно да зборуваат, а нивните пратеници не биле ниту во полн капацитет во салата.
Комисиската расправа за ребалансот на буџетот заврши. Пленарната седница е закажана за 22-ри јули.
Анита Димитријевска – Велковска
