Радев во дводневна посета на Хрватска
На прес-конференцијата со неговиот домаќин Милановиќ, шефот на бугарската држава изјави дека Бугарија не ја блокира Македонија на патот кон членството во Европа, туку дека според Радев Скопје тоа само си го прави поради непочитувањето на копенхашките критериуми...

Бугарскиот претседател Радев е во дводневна посета на Хрватска. На прес-конференцијата со неговиот домаќин Милановиќ, шефот на бугарската држава изјави дека Бугарија не ја блокира Македонија на патот кон членството во Европа, туку дека според Радев Скопје тоа само си го прави поради непочитувањето на копенхашките критериуми. Немаме други услови, дополни Радев, од единствениот за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав. Претседателот Милановиќ смета дека Македонија и Црна Гора не можат да бидат подалеку од членството од Украина, и дека тоа е бесрамна навреда за двете земји.
„Ми изгледа дека цинизмот и непочитувањето на одредени европски структури не запираат. Луѓево се опседнати со Украина, тоа е нивен начин да се одржат на власт. Украина е земја со јасно одредена територија, која не може да се финансира сама. Да се каже дека Украина е поблиску до европското членство отколку црна гора и Македонија е бесрамна навреда за овие земји. Тоа е бесрамна навреда“, изјави Зоран Милановиќ-претседател на Хрватска.
„Мораме да бидеме објективни, ова што претседателот Милановиќ го спомна, нема да биде добар сигнал за другите држави од Западниот Балкан доколку на Украина и се даде предност само поради геополитичката состојба, без да ги исполни реформите коишто сега ги исполнува Западен Балкан“, изјави Румен Радев-претседател на Бугарија.
