инфраструктура

Поскапува изградбата на патот Кичево-Охрид

14.07.2025 20:35

Вчера беа пуштени 20 километри од делницата, Владата најави во август ќе бидат пуштени дополнителни 18 километри...

Премиерот Мицкоски потврди дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид најверојатно ќе поскапи поради свлечиштата на неколку локации кои барале дополнителни покомплицирани интервенции. Не се знае за колку пари ќе биде потешка сумата за завршување на трасата. Вчера беа пуштени 20 километри од делницата, Владата најави во август ќе бидат пуштени дополнителни 18 километри.

На делницата интензивно се работи и гради.