Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

15.07.2025 08:20

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 38 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.