АМСМ

На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути

15.07.2025 08:34

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин „Богородица“, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.