Државниот завод за ревизија

Конференција за финансиска отчетност на изборите во организација на ДЗР

15.07.2025 08:54

Државниот завод за ревизија, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), денес во Скопје организира конференција под наслов „Финансиска отчетност на изборите“...

Државниот завод за ревизија, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), денес во Скопје организира конференција под наслов „Финансиска отчетност на изборите“.

Како што соопштија од ДЗР, поздравни говори на форумот ќе одржат Максим Ацевски, прв државен ревизор при Државниот завод за ревизија, амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Вероник Хулман, амбасадорка на Швајцарија во државава.

Главната цел на конференцијата е да се прикажат резултатите од извршените ревизии за Претседателските и Парламентарните избори во 2024 година и да се поттикнат дискусии за подобрување на институционалната подготвеност и контрола врз финансирањето на изборните кампањи, особено во пресрет на претстојните локални избори, се наведува во соопштението.