Трамп со ултиматум од 50 дена до Путин
Зеленски му се заблагодари на шефот на Белата Куќа, откако беа објавени нови мерки насочени кон Русија поради тековниот конфликт во Украина...

Зеленски му се заблагодари на шефот на Белата Куќа, откако беа објавени нови мерки насочени кон Русија поради тековниот конфликт во Украина. САД ќе дистрибуираат воена опрема вредна милијарди долари во Киев, вклучувајќи и ракетни системи „Патриот“.
„Оваа војна продолжува единствено поради Русија, единствено поради желбата на Путин да ја продолжи, да ја одолговлекува. Русија се обидува да ја направи војната да изгледа како новата нормалност. Мирот е можен само преку сила. Разговаравме за ова со претседателот Трамп и со членови на Конгресот. Работиме на ниво на нашите тимови – на Украина и САД за да ги обезбедиме силите и средствата што ни се потребни за да го заштитиме животот и да ја одбраниме нашата држава“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Трамп рече дека САД ќе воведат 100 проценти санкции врз Русија ако не се постигне договор за прекин на огнот во Украина во рок од 50 дена.
„Ако немаме договор за 50 дена, тоа е она што го правиме, секундарни царини. И тие се штетни. И се надевам дека нема да стигнеме до таа точка. Но, слушам толку многу муабети. Се е муабет, а потоа ракетите одат во Киев и убиваат 60 луѓе. Тоа мора да престане. Но, целта на ова е да склучивме многу голем договор“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Од ЕУ ја оценија реториката на Трамп како позитивна, но 50 дена велат се долг период. Кремљ претходно изразија подготвеност за трета рунда директни преговори со Украина, но според нив, очигледно е дека Киев не брза.
