ООН бара крај на војната во Газа
Гутереш, го повтори повикот за итен прекин на огнот во Газа, предупредувајќи дека хуманитарната криза достигнала ужасни размери...

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, го повтори повикот за итен прекин на огнот во Газа, предупредувајќи дека хуманитарната криза достигнала ужасни размери.
„Сите ги осудивме ужасните напади на Хамас. Но, она што го гледаме во Газа е ниво на смрт и уништување кое нема споредба. И тоа е нешто што ги поткопува, би рекол најосновните услови за човеково достоинство за населението на Газа. Апсолутно ни е потребен траен прекин на огнот. И се надевам дека страните ќе можат да ги надминат тешкотиите што сè уште ги имаат за да се случи прекинот на огнот“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН.
Во Доха во тек се интензивни разговори за примирје. САД притискаат за 60-дневен прекин на огнот кој би донел враќање на заложниците и обезбедување помош за населението во енклавата.
