МВР

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

15.07.2025 10:24

Во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Н.(18) од Радовиш...

Вчера во 17.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Н.(18) од Радовиш.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана и дробилка со остатоци од растителна материја.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Т.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.