Кривичен суд

Денеска пресуда за криминалната група од Грчец

15.07.2025 11:03

Уапсени беа лани, во јануари. Обвинети се за 15 килограми кокаин и за двојно убиство...

Во Кривичниот суд, денеска пресуда за пет членови на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец. Уапсени беа лани, во јануари.

Обвинети се за 15 килограми кокаин и за двојно убиство. Водачот на групата, Шеваљ Муареми е во бегство. Тројца од обвинетите, како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица, од кои дел се осомничени, но се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички дејствувале секој со својата улога во трговијата со кокаин.

Две лица се обвинети дека биле дел од група која планирала и извршувала убиства.