Изборна каса – фер, ама не совршена
Партиите ги испочитувале роковите, но недореченостите остануваат! Државниот ревизор без сериозни забелешки за трошењето на парите за претседателските и парламентарните избори. Но дел од партиите останаа без државни средства. Ацевски со ново предупредување: Итно да се уреди системот на донации! И амбасадите со порака – фер избори се темел на демократијата...

Партиите ги испочитувале законските рокови и навреме ги доставиле финансиските извештаи за изборите. Државниот ревизор констатирал дека не биле направени поголеми прекршувања во трошењето на буџетските пари за претседателските и парламентарните избори.
Само 4 партии не ги добиле средствата од буџетот бидејќи не доставиле извештаи. Ацевски укажува и на потребата да се доуреди начинот на уплатата на донациите во партиите по објавување на финалните изборни резултати.
Фер и демократски избори се клучни во секој систем, порака од амбасадите кои со години и помагаат на земјава во овој процес. Порачаа партиите да ги исполнат потребните препораки за подобра организација на изборите.
Државниот завод за ревизија претходно го објави извештајот за финансиското работење на партиите каде беа констатирани низа нерегуларности. Лани биле извршени 88 ревизии, издадени 123 ревизорски извештаи.
Викторија Милевска
