Судство

Три месеци затвор за убиецот на кучето Феликс

15.07.2025 13:00

Три месеци казна затвор за Љубе Крстевски кој го уби кучето Феликс. За неговиот помагател, Бранко Билбиловски, изречена е парична казна од 1.000 евра. Донесена пресудата …

Љубе Крстевски и Бране Билбиловски беа осудени за мачењето и убиството на бездомното куче Феликс. Крстевски доби 3 месеци затворска казна, а Билбиловски парична казна од 1.000 евра, доколку не ја плати ќе биде затворска, ова е пресудата на судијката Лидија Петровска.

По тепањето Феликс бил фрлен во контејнер, а потоа откриен од активисти и однесен на лекување во ЈП „Лајка“ каде по сите напори не успеаја да го спасат.

Убиството на бездомното куче Феликс предизвика големи реакции во јавноста.

 

Ирина Гелевска