Пелистер повторно силен
Ракометниот суперлигаш Пелистер создава нов посилен тим кој треба да биде конкурентен прво во домашни рамки а потоа и на меѓународен план.
По финансиските проблеми, ракометната гордост на Битола треба да го го врати стариот сјај.
За таа работа се зафатија спонзорот и истакнат ракометен ентузијаст, Силјан Мицевски заедно со општината и неколку компании од градот.
Како резултат на тоа почнаа да пристигнуваат и првите играчки засилувања. Најновото е македонскиот екс репрезентативен голман Петар Мисовски.

По двегодишен престој во Турција, чуварот на мрежата со богато меѓународно искуство ќе се врати трет пат во Пелистер.
Договор со битолчани денеска треба да постигне и Црногорецот Стефан Чавор кој играше во словенечкиот тим Цеље, додека на првиот тренинг, тренерот Игор Николовски на располагање го имаше репрезентативното десно крило Златко Мојсоски кој беше вишок во македонскиот првак Металург.
Клубот кој ќе се освежува со нови луѓе во управата и во играчкиот кадар, треба да биде спој на младост и искуство а целта е да се создаде конкурентен состав и да се нападне моментно третопласираниот во македонскиот ракомет, Зомимак-М, но и да се биде што порамноправен со Металург и со Вардар.