Седница на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и тероризам
Седница на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и тероризам. Оценката е дека Македонија е стабилна држава со ниско ниво од терористички закани. Стратегијата е јакнење на институциите за сигурна држава. Премиерот Мицкоски се осврна на позитивниот извештај од ГРЕКО за зајакнатата борба со корупцијата...

Македонија е мирна и стабилна држава, нивото на загрозеност од терористички закани е ниско. Системот за безбедност е добро поставен, вели националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам. Трајанов како приоритети на кои се работи ги посочи, спречувањето на онлајн радикализацијата и дејствувањето во време на терористички акт. Геостратешката состојба, вели, има влијание и во земјава.
Премиерот Мицкоски на состанокот се осврна на корупцијата. Потенцира дека со преземањето на власта, затекнале институции заглавени во мрежа на злоупотреби, клиентелизам и системска корупција. ГРЕКО го затвори извештајот за Македонија со позитивна оценка за борбата против корупцијата. Имплементирани најголем дел од препораките.
Премиерот Мицкоски посочи дека екстремизмот и тероризмот не се само закани, туку и индикатори на подлабоки слабости во системот. Борбата со нив мора да се води преку јакнење на институциите.
Стратегијата е јасна градење сигурна држава со функционални институции, професионална полиција и отпорно општество.
Миле А. Ристески
