Системска интеграција на Ромите
Македонија успешно ја спроведува системска интеграција на Ромите, уверува министерот Шабан Салиу. Тој тврди дека се постигнати резултати, и во пристапот до образование и здравствени услуги, и во обезбедувањето достојно домување…

За 1.723 ромски семејства е обезбеден покрив на јавниот повик за домување на граѓани од социјално ранливи категории, распишан од Министерството за транспорт или вкупно 50 милиони евра. 20 милиони денари се обезбедени за подобрување на инфраструктурата и пристапот до јавни добра за оние делови од општините каде што живее ромско население.
Но, домувањето не е само покрив над глава туку и достоинствен живот. Со цел рана социјализација, децата Роми имаат бесплатен престој во градинките. Средношколците и студентите добиваат стипендии и тоа ги охрабрува и мотивира да го продолжат образованието.
Над 43 милиони денари се обезбедени за поголема инклузија во образовниот процес. Се подобруваат и здравствените услуги со финансиска поддршка од 6 милиони денари, уверува министерот без ресор и национален координатор на Стратегијата 2022-2030 за инклузија на Ромите, Шабан Салиу.
Планот за самовработување на Министерството за економија е одлична можност за Ромите и намалување на сиромаштијата-додава Салиу.
Александра Велинова
