Скопје

Напаѓачот на Арсовска заврши во притвор

15.07.2025 14:35

Кривичниот совет на скопска единица, постапувајќи по жалбата на Обвинителството, ја преиначи одлуката на судијата на претходна постапка и мерката куќен притвор ја замени со ефективен притвор...

Напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Сулејман Љамалари заврши во затворски притвор. Кривичниот совет на скопска единица, постапувајќи по жалбата на Обвинителството, ја преиначи одлуката на судијата на претходна постапка и мерката куќен притвор ја замени со ефективен притвор.

Љамалари е осомничен за насилство. Инцидентот се случи во петокот при увид на дивоградба во Чаир, кога Арсовска беше нападната и заврши во Ургентниот центар во болницата „8 Септември“.

Кривичниот суд одлуката ја поткрепува со мислењето дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори делото, па затоа е изречена мерката затворски притвор.

Љамалари е веќе спроведен во Шутка.