Образование

МОН го објави конкурсот за прием на студенти во студентски домови за 2025/2026 година

15.07.2025 15:35

Студентите од втора и повисоките години, како и апсолвентите, од денеска може да аплицираат за сместување во студентските домови – државни и приватни – за академската 2025/2026 година. Конкурсот е отворен до 31 јули, информира министерството за образование и наука...

Студентите од втора и повисоките години, како и апсолвентите, од денеска може да аплицираат за сместување во студентските домови – државни и приватни – за академската 2025/2026 година. Конкурсот е отворен до 31 јули, информира министерството за образование и наука.

Бруцошите ќе имаат своја шанса подоцна – од 10 до 17 септември, по завршување на уписите.

Апликацијата се поднесува онлајн, на веб-страницата e-uslugi.mon.gov.mk, каде што студентите ќе треба да прикачат и потребна документација. Секој има право да конкурира само за еден дом.

На располагање се вкупно 4.264 слободни легла во домовите во Скопје, Битола, Штип, Тетово, Охрид и Прилеп. Од нив: 851 место се резервирани за бруцоши, 3.413 места за останатите студенти …