МНР

Министерот Муцунски во работна посета на Обединетото Кралство

16.07.2025 08:09

Министерот за надворешни Муцунски од денеска е во тридневна посета на Обединетото Кралство на покана на британскиот државен секретар за надворешни Дејвид Лами. Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на билатералните односи, интеграцијата на Македонија во ЕУ, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања...

Министерот за надворешни Муцунски од денеска е во тридневна посета на Обединетото Кралство на покана на британскиот државен секретар за надворешни Дејвид Лами. Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на билатералните односи, интеграцијата на Македонија во ЕУ, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања. За време на посетата, покрај состанокот со неговиот домаќин, секретарот Лами, предвидено е Муцунски да се сретне и со државниот потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз Гарет Томас. Исто така, на форумот организиран од македонската амбасада во Лондон, се очекува министерот Муцунски да ги претстави економските потенцијали и можностите за инвестирање во земјава пред повеќе британски компании.

Целта на посетата, како што наведуваат од македонското МНР е засилување на севкупните билатерални односи преку јакнење на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, посебно по потпишувањето на договорот за инвестициско партнерство.