огнена стихија

ЦУК: Активни два пожари во земјава

16.07.2025 08:13

Под контрола е ставен пожарот кај Николиќ, дојранско. Утре завршува јавниот повик за пријавување на огласот за ангажирање 400 луѓе за гаснење пожари...

Сè уште се активни два пожари во земјава – гори во Велес и Македонски Брод. Под контрола е ставен пожарот кај Николиќ, дојранско. Утре завршува јавниот повик за пријавување на огласот за ангажирање 400 луѓе за гаснење пожари.

Огнените стихии предизвикуваат штета и по луѓето и по животната средина.