воен конфликт

Тече ултиматумот до Москва за крај на војната

16.07.2025 08:38

Во понеделникот американскиот претседател објави дека ќе испрати оружје во Украина и предупреди за повеќе царини за Русија доколку земјата не постигне договор за прекин на огнот за 50 дена...

Украина не треба да ја таргетира Москва со напади, вели претседателот на САД откако „Фајненшл тајмс“ објави дека Трамп го охрабрил Киев да ги ескалира нападите врз Русија. Во понеделникот американскиот претседател објави дека ќе испрати оружје во Украина и предупреди за повеќе царини за Русија доколку земјата не постигне договор за прекин на огнот за 50 дена.

„Не мислам дека 50 дена се долг период. И може да биде и порано од тоа. Требаше да му го поставите истото прашање на Бајден. Зошто не вовлече во оваа војна?“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров вели дека Москва се обидува да разбере што сака да каже американскиот претседател, бидејќи тој претходно поставил слични ултиматуми.