Израел во одбрана на Друзите во југозападна Сирија
Свеида, град со мнозинско друзиско население, беше центар на дводневни судири меѓу Друзите и бедуинските групи...

Израелскиот премиер вели дека Израел таргетирал сириски воени возила за да ја заштити друзиската заедница која израелската влада ја смета за сојузник. Свеида, град со мнозинско друзиско население, беше центар на дводневни судири меѓу Друзите и бедуинските групи.
„Во Израел сме посветени на одржување на југозападниот регион на Сирија како демилитаризирана зона. Нема да дозволиме враќање во ситуација во која таму ќе се воспостави втор Либан, а исто така сме посветени на заштита на жителите Друзи. Го правиме ова преку интензивни операции“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Министерството за внатрешни работи на Сирија соопшти дека повеќе од 30 лица загинале, а речиси 100 се повредени. Сириската опсерваторија за човекови права, објави најмалку 99 жртви, вклучувајќи две деца, две жени и 14 припадници на безбедносните сили.
