Денеска ново рочиште за случајот „Адитив“
Во судницата во затворот Идризово, ново рочиште за случајот „Адитив“, кој се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари, во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ-подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј...

Во судницата во затворот Идризово, ново рочиште за случајот „Адитив“, кој се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари, во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ-подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Обвинети се над 30 физички и пет правни лица, меѓу кои е и екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство. За Ковачевски се распишани национални и меѓународни потерници. Според обвинението, се организирале во злосторничко здружување за перење пари и други приноси од казниво дело.
На првото судење, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни. Обвинителството пак очекува осудителна пресуда и конфискација на имотот на обвинетите.
