Судство

Апелациониот суд го осуди Васил Јованов за поседување и трговија со дрога

16.07.2025 11:25

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ ...

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепена пресуда и го врати случајот на повторно судење.

Одлуката, како што информираат од Апелација е донесена на јавна седница одржана на ден 11.06.2025 година постапувајќи по кривичниот предмет KЖ-481/25.

„Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр. 1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3 – три години и 10-десет месеци“, се вели во соопштението од Апелација.

Вака донесената одлука со образложени причини за истата, ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.