МВР
Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
16.07.2025 15:49
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 17-годишник од Битола...

Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 17-годишник од Битола, соопштија од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било приведено во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
