Меѓуресорска работна група ќе ги разгледува податоците од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за брзата пруга
На вчерашната затворена седница на Владата се разгледа информација во однос на доставените податоци од страна на меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за финансирање на брзата пруга и се донесе заклучок да се формира Меѓуресорска работна група во рамки на Владата.

На барањето од Министерството за финансии одговорија 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки меѓу кои: Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка, јапонската МУФГ, британската Стандард чартерд, Банка на Америка, Ерсте банка, Сосиете женерал, Дојче банка, ЏП Морган, Сити Банк, Уни кредит, Каргил и НЛБ и Рајфајзен банка.
Содржината на документацијата којашто беше доставена од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки е со назнака доверлива (confidential).