Здравје

Дињата топи килограми, го зајакнува срцето и има низок гликемиски индекс

16.07.2025 12:24

Дињата е здрава и е еден од најдобрите избори за топлите летни денови, не само на кришки, туку и како база за освежителни сокови, фрапеа и како додаток на егзотични и вкусни брускети, во комбинација со некоја солена храна, како што е пршутот...

Дињата е здрава и е еден од најдобрите избори за топлите летни денови, не само на кришки, туку и како база за освежителни сокови, фрапеа и како додаток на егзотични и вкусни брускети, во комбинација со некоја солена храна, како што е пршутот.

Постојат повеќе видови диња, а кај нас најзастапени се оние со портокалова или жолта внатрешност, како и зелената, која е нешто помала и позната како руски ананас. Освен што има убава боја, што е вкусно, што има малку калории и што изобилува со хранливи материи, ова овошје има и голем број здравствени придобивки.

Ова освежително овошје има кукурбитацини, вклучувајќи кукурбитацин Б и Е од кој двата имаат анти-воспалителни својства. Тие се познати како антивоспалителни смеси кои ја олеснуваат болката и симптомите кои ги предизвикуваат воспалителните болести. Поточно, постојат истражувања во кои луѓето кои јаделе диња и друго овошје имале пониско ниво на Ц-реактив протеинот кој се наоѓа во крвотокот. Тој се користи за да се проценат нивоата на воспаление на телото и покажал позитивни резултати за луѓето кои јаделе диња. Со други зборови, дињата спречила воспалување и автоимуни реакции кои водат до болести.

Дињата има каротини, витамини и антиоксиданс – кои го зајакнуваат имунитетот и спречуваат болести и инфекции. На пример, еден специфичен каротиноид – бета каротинот кој е одговорен за зајакнување на имунитетот и спречување на хронични болести. Исто така, ако барате истражувања за бета каротинот ќе откриете дека каротинот може да ја подобри работата на имунитетните клетки, но и да спречи болести како ракот.

Дињата е полна со хранливи материи кои ги заштитуваат очите – бета каротин, А витамин, Ц витамин, лутеин и зеаксантин. Ако никогаш досега не сте чуле за последново, оваа хранлива материја е важен каротиноид кој го апсорбира ретината. Таму, таа овозможува антиоксидантни и UV филтерски функции.

Секое овошје што има каротиноиди е добро за очите. Некои истражувања покажуваат дека тие го намалуваат деструктивниот процес кој се случува во ретината – т.е. процеси кои водат до макуларна дегенерација.

Други истражувања нè потсетуваат да бидеме внимателни со недостатокот од Ц и А витамин што може да доведе до глауком и макуларна дегенерација, згуснување на рожницата или во најлош случај, слепило. Ако сакате да го спречите развивањето на овие нарушувања, веднаш започнете да јадете диња или други овошја полни со каротиноиди.

Алкалната храна го нормализира pH нивото на телото, а дињата се смета како дел од алкалната храна. Овој тип на храна помага pH вредноста да се врати во нормала. Дињата и другата алкална храна можат да го заштитат вашето тело од воспаленија и болести, бидејќи се верува дека болестите потешко се развиваат во алкална средина, за разлика од киселата средина.

Ако имате план за слабеење, тогаш додадете го ова неверојатно овошје. Содржи само 34 калории во 100 g и има високо ниво на вода и хранливи материи. Уште една причина зошто веднаш да започнете да ја консумирате е бидејќи може да ви помогне да избегнете дефицит на хранливи материи, да ја подобри дигестијата, да го зајакне имунитетот и да ве направи посилни.

Дињата освен што ќе ви помогне да ги избалансирате овие ризици, се однесува и како суплемент.