Конечно радост за кадетите

19.08.2014 15:43

Македонските ракометни кадети до 18 години на Европското првенство во Полска ја прославија првата победа и останаа во трка за 9-то и 10-то место, што е примарно зашто овие позиции обезбедуваат место на СП идната година.

Првиот триумф нашите надежи го остварија против врсниците од Србија со 23-20, иако во последните осум минути првото полувреме влегоа со негатитива од 9-5. Оттогаш избраниците на Александар Јовиќ почнаа да го трасираат патот до успехот. Серијата од 5-0 што ја отвори  Филип Талески по петминутен пост, означи 9-9, резултат со кој се влезе во решавачките 30 минути.

Во нив македонските кадети го подигнаа нивото на одбраната, бековскиот двоец, Талески и Нелоски добија подршка од другите ракометари во нападот и во изедначената резултатска нишалка, со подршка од голманот Кизиќ, во последните пет минути контролирано ги претворивме двата гола предност во конечни и највисоки 23-20.

Предводник во триумфот беше Марко Нелоски со 8 гола, 5 постигна Талески а 4 Маркудов.

Првите два бода во новоформираната група и победа утре против Исланд, не оставаат во игра за деветото и за десетото место кои водат на идниот Мундијал.