Николоски: Започнува изградба на најголемиот ветерен парк во Македонија
Во Штип започна изградбата на најголемиот ветерен парк на компанијата „Алказар енерџи“, проект ќе ја засили енергетската безбедност, ќе создаде нови работни места и ќе донесе почиста, поевтина и обновлива енергија за идните генерации...

Македонија денеска испишува нова историја на полето на зелената транзиција. Во Штип започна изградбата на најголемиот ветерен парк на компанијата „Алказар енерџи“, проект ќе ја засили енергетската безбедност, ќе создаде нови работни места и ќе донесе почиста, поевтина и обновлива енергија за идните генерации. Инвестиција е од над 500 милиони долари, проект кој ќе донесе стабилност во енергетскиот систем, електрична енергија за 100 илјади домаќинства и ќе обезбеди преку 600 нови работни места.
Во своето обраќање, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски ја истакна огромната важност на проектот, како за државата и граѓаните, така и за развојот на економијата и создавање можности за конкурентност на македонската индустрија на европскиот пазар.
