Уапсени пиромани, гори на неколку локации во земјава
Приведени 20 лица осомничени дека подметнале пожари. МВР вели има докази, дел од пироманите се притворени. Во меѓувреме гори на неколку локации во државава. Активни се пожарите кај велешко, и македонски брод, нискостеблеста шума гори и кај Василево. По неколкудневна битка со огнените јазици локализиран е кај Николич, дојранско...

Повеќето пожари се намерно подметнати. Полицијата досега привела 20-ина лица, дел се во куќен, дел добија ефективен притвор. Малолетниците се пуштени на слобода. МВР има докази дека некои од пироманите се организирана група. Сепак Тошковски потенцира дека навреме преземените мерки и забраната за движење во шумите даваат резултати.
Сè уште гори на неколку локации низ земјава. Кај село Николич, Општина Дојран, по неколкудневна битка, огнената стихија е ставена под контрола. Пожари активни во велешко и Македонски Брод.
Според податоците од Центарот за управување со кризи, западниот дел од земјава, Струмица, Валандово и Богданци се со висок ризик од пожари. Среден ризик е забележан во Осоговските Планини, додека на Шар Планина ризикот е низок до среден.
Ана Јосифоска
