Енергетика

Почна изградбата на ветерениот парк кај Штип, најголем во државата

16.07.2025 19:45

Стартува изградбата на ветерен парк во близина на Штип. Со инвестиција од околу половина милијарда долари на „Алказар Енерџи“ ќе се градат 54 ветерници со капацитет за производство на околу 400 мегавати енергија која ќе ги задоволува потребите на околу 100 илјади домаќинства…

Со камен темелникот на првата ветерница, поставуваме темел за енергетска независност, економски развој и го трасираме правецот во кој државата ќе се движи во искористувањето на обновливите извори на енергија, истакна премиерот Мицкоски.

Производството на енергија од ветерници ќе ја намали емисијата на јаглероден диоксид во воздухот, а ќе придонесе и за значително намалување на цената на електричната енергија. Се отвораат можности и за идни поголеми вложувања во овој сектор.

Министерот за транспорт и врски истакна дека оваа инвестиција ќе го зголеми бруто домашниот производ, но и ќе ја зголеми конкурентноста на нашата индустрија на европските пазари.

Инвестициите во сонце, ветар и вода се мостови кон економска стабилност и зелена транзиција, порача Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и додаде дека со проекти како овој може државата е на добар пат да биде регионален лидер во ползувањето на обновливите извори на енергија.

Славица Величковска