Коцевски: Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ веројатно нема да се раздвојува
Нема да се раздвојува постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се работи за исто кривично дело, државниот обвинител Коцевски, вели дека можат да докажат обвинение за 34 осомничени. Почетокот на септември се очекува да заврши и истрагата за полициските службеници осомничени за организиран криминал...

Многу веројатно дека предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде се обвинети 32 лица, нема да се раздвојува. Така би се искомплицирала постапката, вели првиот обвинител Љупчо Коцевски.
Посебен предмет ќе биде оформен најдоцна до септември, а се однесува за инволвираноста на полициските службеници, а го работи Обвинителството за гонење организиран криминал.
Обвинението за 32-та во моментот е на оценка во скопскиот Кривичен суд.
Црвениот крст активно е вклучен во помошта на населението и директно повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Покрај психолошката поддршка, над 140 милиони денари се трансферирани на повредените и на семејствата на загинатите.
Во трагедијата во Кочани, животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Дел од нив се на лекување на „Пониква“.
Миле А. Ристески
