Членови на криминални групи, на обвинителна клупа
Членови на криминалните групи на Раде Трајковски-Штекли и „Беланоца“, седнуваат на обвинителна клупа. Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица, кои се товарат за трговија со дрога...

Членови на криминалните групи на Раде Трајковски-Штекли и „Беланоца“, седнуваат на обвинителна клупа. Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица, кои се товарат за трговија со дрога. Од јануари 2024 до јануари годинава, обвинетите се здружиле во криминална група која во Скопје продавала кокаин и марихуана. Дрогата била складирана во специјално изнајмени станови, а потоа во помали количини дистрибуирана и продавана на нарко-пазарот.
Парите од продажбата се предавале на првообвинетиот Штекли. Седуммина опфатени во овој предмет ја признаа вината и се спогодија со обвинителството и добија затворски казни. За членови од групата „Беланоца“ е поднесено сложено обвинение за злосторничко здружување, изнуда, разбојништва и други тешки кривични дела.
Убиствата, палењата објекти, коли и изнудите ги нарачувале и од затвор.
