Собрание

Собранието денеска ќе ја одржи 60. седница

17.07.2025 08:36

Според најавите од собраниската пре-служба, по завршувањето на 60-тата седница, ќе продолжат 59-тата, 55-тата, 51-вата и 43-тата седница, на кои останаа неколку законски предлози за дискусија. Пред пратениците на 60-тата седница е Предлог-законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија...

Собранието денеска ќе ја одржи новата, 60-та пленарна седница, со вкупно 11 точки на дневниот ред, по што ќе следат продолженијата на уште четири седници.

Според најавите од собраниската пре-служба, по завршувањето на 60-тата седница, ќе продолжат 59-тата, 55-тата, 51-вата и 43-тата седница, на кои останаа неколку законски предлози за дискусија. Пред пратениците на 60-тата седница е Предлог-законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија.

Исто така, на агендата на седницата се и Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на важноста на кризна состојба на дел од територијата на државата, Предлог-законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија, Предлог на законот за ратификација на Договорот за пристап до високо образование и прием на студии во Западен Балкан, Предлог на одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на Државната награда „23 Октомври“ и Предлог на одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на Државната награда „11 Октомври“.

На дневниот ред на седницата, во прво читање, се Предлог на законот за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, Предлог законот за изменување и дополнување на законот за рибарство и аквакултура, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за домување и Барањето за давање на автентично толкување на членот 2 од Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, поднесено од пратеникот Бране Петрушевски.

Во рамките на 59-тата седница, пратениците треба да се изјаснат за Предлог-законот за возила кој се носи по скратена постапка, по што ќе продолжи 55-тата седница на која има две неразгледани точки – Предлог-одлука за испраќање на припадник на Армијата во меѓународната операција „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и Предлог-измените на Законот за воздухопловство.

Во рамките на 51-вата седница исто така останати се две точки за разгледување – Предлог-закон за ратификација на договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2024 година, додека на 43-тата седница останати сè уште осум точки на дневниот ред, претежно од социјалната сфера, по кои треба да се произнесат пратениците.