Влада

Потпишување меморандум за разбирање меѓу Владата и Македонски телеком

17.07.2025 08:38

Мицкоски денес во Владата ќе оствари средба со извршниот директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хетгес, и со Доминик Лерој, член на Одборот на директори за Европа...

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Владата ќе оствари средба со извршниот директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хетгес, и со Доминик Лерој, член на Одборот на директори за Европа.

По средбата, ќе биде потпишан меморандум за разбирање.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и генералниот директор на „Македонски телеком“, Горан Марковиќ, ќе го потпишат меморандумот, по што ќе одржат прес-конференција.