Македонија

Муртезани во Брисел ќе учествува на Форум на високо ниво за проширувањето

17.07.2025 08:38

Министерот Муртезани ќе учествува на воведната сесија на Форумот на ВИП тркалезната маса, заедно со претседателот на ЕЕСК, Оливер Ропке, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ и државниот секретар за Европска Унија на Шпанија, Фернандо Сампедро...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ќе учествува на Форум на високо ниво за проширувањето, насловен „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“, кој ќе се одржи во Брисел, во организација на Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК).

Министерот Муртезани ќе учествува на воведната сесија на Форумот на ВИП тркалезната маса, заедно со претседателот на ЕЕСК, Оливер Ропке, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ и државниот секретар за Европска Унија на Шпанија, Фернандо Сампедро. Форумот има за цел да ја истакне важноста на социјалниот дијалог и ангажманот на граѓанските организации и младите во процесот на проширување на Европската Унија, како основа за градење поправедно и посолидарно европско општество.